Тереза Меј и Андреа Ледсам во борба за нов премиер на Велика Британија

0
316

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј и за енергетика Андреа Ледсам ја почнаа кампањата за лидер на британската Конзервативна партија и со тоа и за иден премиер на Велика Британија.

Меј и Ледсам се двајцата конечни кандидати за местото премиер, откако во втората рунда на гласање меѓу конзервативните пратеници, беше елиминиран третиот кандидат – министерот за правда Мајкл Гоув.

Тој доби само 46 гласови, Меј ј доби убедливо најголемата поддршка со 199 гласа, додека Ледсам освои 84 гласови.

Меј се изјасни против Брегзит, апелираше на единство, истакнувајќи го своето лидерство и искуство, поради што смета дека е најдобар кандидат за британски лидер во периодот после Брегзит.

150 000 членови на Конзервативната партија за идниот лидер гласаа по пошта, а резултатите ќе бидат познати на 9 септември.