Тереза ​​Меј отстрани уште тројца од министрите на Камерон

0
375

Новиот британски премиер Тереза Меј продолжи промени во Владата со отстранувањето на уште тројца министри, меѓу кои и државниот министер за култура Ед Вејзи, пријател и клучен поддржувач на нејзиниот претходник Дејвид Камерон.

Позициите исто така ги напуштаат државниот министер за труд и пензии бароницата Роуз Алтман и државниот министер за бизнис, Ана Соубри која беше меѓу најактивните застапници за останувањето во ЕУ за време на кампањата за референдумот, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на кабинетот на „Даунинг стрит“ 10.

Од досегашните министри во кабинетот на Меј останува братот на новиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон – Џо Џонсон, кој ќе биде одговорен за универзитетите и науката во Министерството за бизнисот.