Тереза Салгуеро ѕвезда на Фестивалот на музика од светот

0
634
Portuguese singer Teresa Salgueiro for Vimagazino - Greece

Тереза Салгуеро е главната звезда на 8- то по ред издание на Фестивалот на музика од светот.

Годинешното издание ќе се одржи на 5 ти и 6 ти ноември .

Имено, ако минатата година таков магнет беше реномираната Наташа Атлас, изминатите изданија повеќе реномиарни имиња од светот на музиката, овојпат организаторот – Центарот за култура се реши тоа да биде популарната португалска пејачка, која оваа година одбележува 30 години од почетоците на нејзината кариера.

Покрај Салгуеро на сцената во Центарот за култура ќе настапи и мултиталентираната холандска музичарка со турско потекло Карсу, која во Битола ќе го промовира албумот Colors, како и The new spark jazz orchestra Balkan, кои ќе ја презентираат уметничката програма Woman in jazz.

– Со изборот што го правиме од едно до друго издание се обидуваме малку по малку да го истенчиме вкусот затоа што нам ни е јасно дека станува збор за публика која сака да слушне музика која што е дел од светската сцена, но во некоја рака и блиску до нивниот сентимент, вели Оливер Јосифовски, програмски селектор на Фестивалот.

Фестивалот на музика од светот е културна манифестација која успева да се издигне над локалното и да го анимира вниманието на публиката во регионот, а тоа го докажуваат многубројните присутни секоја година на овој фестивал.

Битола и република Македонија со оваа манифестација имаат уште еден значаен интернационален музички фестивал. Фестивал кој со својот концепт, е репрезент на актуелностите во музиката од светот и случување кое токму поради звучните имиња се понагласено се наметнува како аниматор на вниманието на пошироката публика од регионот.