Терористи минирале гасовод во источна Турција

0
203

Гасовод во округот Агри, источна Турција, бил миниран од страна на терористи, пренесоа агенциите.

Според соопштението на турското Министерство за енергетика и природни ресурси билa извршенa саботажа на 15 километри од границата со Иран.

Предизвиканиот пожар е веќе изгаснат. Протокот на гас по линијата е прекинат.

Ројтерс објави информација повикувајќи се на турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз дека нападот бил извршен синоќа.

Според претставник на турската државна гасна компанија „Боташ“ се врши поправка на цевката, но засега не е јасно кога протокот на гас ќе продолжи.

Според него Турција не побарала дополнително гас од други земји и нема недостаток во потребите на домашната побарувачка.

Без коментари

LEAVE A REPLY