Терористи му се закануваат на Папата

0
241

Вториот по значење човек во Ватикан изјави дека видеото на терористичката група „Исламска држава” , во која му се заканува на папата, е алармантна, но истакна дека обезбедувањето на Ватикан веќе е на високо ниво.

Државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин изјави дека го гледал видеото, во кое папата е наведен како цел. Неодамна, во друга снимка во кодираната мрежа за пораки „Телеграм“ беше спомната Италија како следна цел на исламистички напад.

Човек, очигледно, не може да да не се загрижи, пред се од бесмислената омраза, рече Паролин, но прецизира дека Ватикан не додал нови мерки кон веќе постоечките високи мерки на безбедност.

Без коментари