Терористи планирале крвав бомбашки напад во Сараево на 31 декември

0
377

Припадниците на групата радикални исламисти кои на почетокот на неделата беа уапсени во Сараево планирале смртоносен напад во главниот град на Босна и Херцеговина на 31 декември со цел да убијат што поголем број луѓе, објави денес јавниот обвинител Дубравко Чампара, а пренесуваат босанските медиуми.

Обвинителството на БиХ вчера побара осуммесечен притвор за осум од единаесетте мажи колку што беа уапсени во акцијата спроведена на 22 декември, а судот на БиХ тоа барање денес го прифати.

Постојат докази дека осомничените планирале терористички напад во кој би загинале над сто луѓе, изјавил обвинителот.

Обвинетите наводно планирале да постават експлозивна направа под полициски автомобил на локација каде се собираат голем број луѓе.

Експлозивот потребен за тоа инспекторите сѐ уште не го нашле, а за обвинителството тоа е дополнителна причина за притворот, односно да не се уништат доказните материјали.

Адвокатите на уапсените тврдењата на обвинителот ги оквалификувале како апсурдни, противејќи се на притворот тврдејќи дека нема докази кои би го потврдиле казненото дело.

Без коментари

LEAVE A REPLY