Терористички напад во Австралија

0
321

Едно лице е убиено, а тројца полицајци се ранети во напад, кој австралиските власти го квалификуваа како терористички. Најпрво се слушнала експлозија во населба во Мелбурн, а кога пристигнале безбедносните сили пронашле едно мртво тело, додека напаѓачот држел една жена како заложник. По претсрелката тој бил убиен а жената била ослободена без да биде повредена. Напаѓачот е идентификуван како 29-годишниот Австралиец со потекло од Сомалија, Јакуб Кајре, кој и бил познат на полицијата за претходни криминални дела. Во 2009-та година тој бил ослободен од обвиненијата дека планирал да изврши напад на касарна во Сиднеј, но потоа бил осуден за други злосторства. Неодамна бил условно ослободен од затвор, а премиерот Малколм Трнбул јавно запраша по кој основ бил пуштен познат насилник со криминално досие и џихадистички врски во минатото.