Терористички напад во Хургада

0
394

Тројца вооружени мажи со автоматски пушки, ножеви и самоубиствен појас со бомби, упаднале во Бела Виста, еден од најлуксузните хотели на Црвеното море во популарниот египетскиот туристички град, Хургада.

Според првичните информации од египетското министерство за внтарешни работи, во нападот се повредени двајца туристи од Австрија и еден од Шведска, кои веднаш се пренесени во болница.

Безбедносни извори тврдат дека напаѓачите пристигнале со чамец на плажата во хотелскиот рисорт Бела Виста и веднаш почнале да пукаат. Во престрелката убиен е напаѓачот кој на себе го носел елекот со експлозив, за кого полицијата тврди дека е студент од Гиза, предградие на Каиро.