Терористички напад во Минхен

0
1350

Полицијата во Минхен се сомнева дека нападот во трговскиот центар во Минхен е тероризам, соопшти портпаролот на полицијата за АФП. Тој не кажа за колку жртви станува збор, но други извори од полицијата наведуваат најмалку шест мртви.

Новинска агенција ДПА претходно цитираше полициски извори според кои станува збор за „акутна состојба на тероризам“. Според досегашните информации неколку луѓе загинале и десетици се ранети при нападот во трговскиот центар во Минхен кој се случи доцна попладнево. Полицијата започна голема операција откако во трговскиот центар билo пукано со огнено оружје. Затворена е голема област околу трговскиот Олимпија во јужниот дел на градот. Хеликоптери го надлетуваат местото, а на работниците им е забрането да ги напуштат продавниците.Полицијата во Минхен ги замолува луѓето да не објавуваат слики од местото на пукотниците.

6D4E67A2EBDC844B9991878B52E0B83A

Портпаролот на полицијата во Минхен Томас Бауман за германската новинска агенција ДПА изјави дека нападот започнал во ресторан за брза храна во трговскиот центар нешто пред 18 часот по локално време. Полицијата во Минхен е во потрага по тројца осомничени со долги пушки, вели портпаролот.

Германскиот весник Минхер Абендцајтунг објави дека загинале 15 луѓе. Весникот Билд објави дека вооружен напаѓач трчал низ трговскиот центар и пукал кон луѓето пред да избега во насока на една метро станица.

Minhen-trgovski

Властите велат дека е запрен транспортот на неколку линии во градот по налог на полицијата. Главната железничка станица во Минхен е евакуирана по престрелката, соопшти портпаролот на националната железница.

munich-1

Телевизиските снимки прикажуваат десетици возила за итна помош пред трговскиот центар.

Американскиот претседател Барак Обама вети поддршка за Германија по нападот во Минхен. Тој вели дека е запознаен со драмата која се одвива таму. „Нашите срца се со оние кои можеби се повредени таму. Германија е еден од нашите најблиски сојузници, ние ќе се обидеме да и ја понудиме сета потребна поддршка за справување со оваа ситуација“, рече Обама. Портпаролката на Стејт департментот, Елизабет Трудо изјави дека американските власти проверуваат дали во инцидентот е повреден некој американски државјанин.