Терористички напад во Нигерија, голем број загинати и повредени

0
406

Терористички напад во Нигерија. Голем број загинати и повредени при експлозија на бомба во североисточниот град Јола, соопшти претставник на Црвениот крст.

Експлозивот бил активиран на зелен пазар, во момент кога имало голема фреквенција на луѓе. Точниот број на загинати и повредени се уште не се знае. Екипите за спасување им помагаат на повредените. Многумина се хоспитализирани, а дел од нив се во критична состојба.

Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но според начинот на кој е изведен нападот, властите се сомневаат дека е дело на исламистичката група Боко Харам.

Претседателот Бухари, кој во мај годинава ја презеде функцијата шеф на државата и вети дека радикално ќе им се спротивстави на милитантите, минатата недела го посети градот јола каде што на војниците кои се борат против Боко Харам им додели медали.

Во Нигерија рапидно расте насилството. Минатата година во Нигерија загинаа 7.512 луѓе во терористички напади, што претставува зголемување за 300 насто во однос на претходната година. Според глобалниот индекс за тероризам, во 2014-та во светот загинале 32.000 луѓе во терористички напади.

Без коментари

LEAVE A REPLY