Tерористички напад во воз на линијата Амстердам – Париз

0
204

Две лица се повредени, од кои едно сериозно, во синоќешниот напад кога маж отвори оган од пушка калашников, во возот Талис на линијата меѓу Париз и Амстердам. Напаѓачот бил совладан од патниците, американски војници во цивил и потоа беше уапсен во станица Арас во (Па-де-Кале) Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

Истрагата му е доверена на одделот за борба против тероризмот на обвинителството од Париз. Одделот за борба против тероризмот на Парискиот обвинител веднаш одлучи да ја преземе истрагата за настанот кој се случи во високо-брзиот Талис.

Според елементите кои беа соопштени и од сведочењата на патниците во возот, човек, тешко вооружен со калашников, автоматски пиштол, девет шаржери и кутер, во возот се качил на станицата во Брисел, а по излегувањето од тоалетот започнал да стрела околу 18 часот, при што повредил двајца патници. Едниот од повредените е британски државјанин, тој е потешко повреден и неговиот живот е во опасност.

Напаѓачот бил совладан од двајца американски војници во цивил, кои слушначле како го полни оружјето во тоалетот. Според нивниот сопатник, Антони Седлер, станува збор за Спенсер Стоу од Сакраменто и Алек Скарлатос од Роузбург. Тој раскажа дека слушнале истрел и звук на искршено стакло зад нив, по што виделе вработен во возот како трча по патеката, а потоа и маж вооружен со автомат влегол во вагонот.

– И додека тој ја полнеше пушката за да пука, Алек извика: Ајде Спенсер и Спенсер почна да трча по патеката меѓу седиштата. Спенсер го направи првиот контакт, го собори напаѓачот, а Алек му го одзеде оружјето, а потоа извади нож и го пресече неколку пати. Потоа заедно тројцата го удиравме, додека не изгуби свест, раскажува Седлер.

Според него, за цело време, напаѓачот не изустил ниту збор.  Возот потоа бил насочен кон станицата во Арас, каде веднаш бил уапсен од полицијата и притворен.

Напаѓачот е 26-годишно лице со мароканско потекло.Тој не и непознат на тајните служби, кои за него воделе посебно досие, како лице поврзано со тероростизам.