Терористички напад врз кафуле во Тел Авив

0
338

Полицијата ги потврдила двете жртви, додавајќи дека напаѓач пукал во гости на кафуле во улицата Дизенгоф. Според првичните информации, ранети се девет лица од кои четири во критична состојба.

Едно рането лице брзо им подлегнало на повредите, а седум ранети биле префрлени во болница, каде умрело уште едно лице, соопштил портпаролот на полицијата Мики Розенфелд.

Уапсено е едно лице поврзано со нападот, но засега нема официјални информации дали станува збор за напаѓачот.

„Останете сите мирни. Ќе го решиме ова“, порача градоначалникот на Тел Авив Рон Хулдаи кои изрази сомнеж дека најверојатно станува збор за терористички чин.