Терористичкиот напад во Турција, расте бројот на повредени

0
315

Расте бројот на повредените лица во подметната експлозија пред полициска станица во источниот турски округ Елазиг. Загинаа три лица, а повредени се 73.

Сведоци соопштуваат дека експлозијата од автомобил бомба одекнала близу полициската станица само неколку часа откако сличен напад беше изведен во провинцијата Ван, близу иранската граница.

Зградата во која се наоѓала полициската станица се урнала и оти областа наликува на воено поле, а на местото на настанот постојано се упатуваа возила на брза помош и полициски возила.