Терористите со силни закани кон Грција

0
353
Грчката терористичка организација Заговор на огнените јадра, преку писмо упати нови закани за бомбашки напади и егзекуции во државата, јавуваат грчки медиуми.

Целта на вооружените напади е да се предизвика хаос и дестабилизација, се вели во писмото.

Членовите на Организацијата предупредуваат дека „целите може да станат реалност преку план за акции со помош на мали групи кои ќе таргетираат цели и ќе извршат напади“.