„Тероризмот и кризата на демократијата”

0
579

„Тероризмот и кризата на демократијата” е насловот на новата збирка есеи на познатиот театарски и филмски режисер, драматург Љубиша Георгиевски што ја објави скопската издавачка куќа „Макавеј”.

Во препораката кон изданието, писателот и литературен критичар Бранко Цветкоски, вели дека книгата „Тероризмот и кризата на демократијата” претставува фуриозна интелектуална расправа за позицијата на слободната личност низ историјата, во политичкиот живот, во уметноста и во одбраната на сопствената хуманистичка визија.

kniga

– Сите есеи во книгата на Георгиевски се истовремено и актуелни реплики со реска мисловност и жестока иронија на случувањата во нашиот современ живот, при што посебна мета на критика се процесите на жестоката и неконтролирана глобализација, разгромот на традиционалните вредности, пропаста на општествените системи и валканите транзициски процеси во светот, потенцира Цветкоски.

Георгиевски е автор на уште десетина книги со драмски текстови, филозофско-политички есеи и теориски истражувања на театарската уметност.