Тешка кражба во Битола

0
2525

Во периодот од 18.06. до 25.06.2017 година во Битола, на ул.„Милан С.Петрески“, во куќа сопственост на В.В. (64), непознат сторител извршил тешка кражба при што одзел 3.650 евра и поголема количина златен накит. Непознатиот сторител со подесен алат делувал на балконската врата, по што влегол внатре и извршил пребарување по собите, каде ги пронашол парите и златниот накит, ги одзел, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 350.000 денари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.