Тешка кражба во Егри

0
340

На 21.08.2015 во времето од 07,30 до 11,00 часот во с.Средно Егри – Битола, во куќата на Ј.Ј.(1936), НН сторител извршил тешка кражба на начин што преку таванот од куќата, влегол внатре и од спалната соба одзел: 2000 евра, 2000 австралиски долари, 5000 американски долари, ловечка пушка марка ТОЗ-63, калибар 16мм со фабрички број 22593, која ја поседувал Јован со дозвола и златен накит. Сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од околу 500.000 денари. Увид е извршен од страна на ОКТУПА при СВР-Битола. СВР-Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.