Тешка кражба во Прилеп

0
462

На 19.01.2016 година во периодот од 13.00 до 14.00 часот во Прилеп на ул.„Киро Крстески Платник“ во куќата сопственост на К.И. (36) непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот извршил пребарување по собите и одзел сума на пари околу 31.000 евра, 43.000 денари, 17 франги и разновиден златен накит, а потоа го напуштил местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.