Тешка несреќа зеде 12 жртви во САД

0
152

Тешка сообраќајна несреќа со 12 жртви во САД. Челно се судриле пикап и автобус на баптистичката црква во Тексас, пренесоа американските медиуми.

Ицидентот се случил на околу 120 километри западно од Сан Антонио. Во автобусот патувале 55 лица, кои се враќале од одмор.

Досега не е јасно колку од жртвите се патници во него, и колку во пикапот. Полицијата ги истражува причините за несреќата.