Тешка сообраќајка кај Кравари, едно лице загина

0
8903

Утрово во 5:50 часот, на патот Битола-граничен премин Меџитлија, во близина на црквата кај село Кравари, битолско се случи сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а друго е потешко повредено, потврдуваат од СВР Битола.

Возилото „Ауди 80“ со битолски таблици излетало од патот, а возачот, 27-годишно момче со иницијали З.М од Битола им подлегнал на повредите во Клиничката болница во Битола. Сопатникот во возилото се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран во битолската болница.

На местото на настанот е извршен увид од СВР Битола во присуство на Јавен обвинител.

Без коментари