Тешка сообраќајка кај Струмица

0
580

Пет лица се повредени, меѓу кои и една бремена жена, во тешката сообраќајна несреќа што вчера околу 22 часот се случи на патот Струмица – Дабиле, кај бензинската станица на „Лукоил“.

Се судрија две возила „опел астра“ и „фиат уно“, а пожарникари биле ангажирани да ја извлечат бремена жена од едно од возилата. Бремената жена завршила со тешки повреди на главата.

 Сите повредени лица се надвор од животна опасност.