Тешка сообраќајка на патот Неготино – Демир Капија

0
2118

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во 5 часот и 20 минути на патот Неготиво – Демир Капија, во која 55 годишен маж го загуби животот, а неговата 41- годишна сопруга и трите деца родени 2006-та, 2008-ма и 2015 година, се повредени.

Семејството од Белград, Србија, патувало на годишен одмор во Грција, а возилото Даеву со белградски регистарски таблички било управувано од сопругата на сега починатиот.
На автопатот А1 според првичните информации од полицијата, жената возејќи изгубила, најверојатно, контрола на возилото, удрила во левата страна од заштитната ограда и излетала во спротивната коловозна лента. Нејзиниот сопруг, кој бил совозач, починал на самото место, а таа се здобила со тешки телесни повреди. Трите деца се полесно повредени, велат од полицијата, и биле префрлени во велешката болница.