Тешка сообраќајка во Прилеп, загина едно лице

0
781

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу три часот на улица „Александар Илиески-Кусиот“ во Прилеп. Животот го загубил 39 годишниот прилепчанец Рубинчо Димоски, пренесе МИА.

Според јавниот обвинител автомобилот марка „фолксваген поло“ од засега непознати причини удрил во метална конструкција за тутун. Совозачот во автомобилот,  Рубинчо Димоски, од ударот добил расекотини на вратот и искрварил. Починал на пат до градската болница во Прилеп. Возачот не бил повреден.

Јавниот обвинител нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта на 39 годишниот Димоски.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY