Тешка сообраќајна несреќа на излезот од Прилеп

0
236

Утрово на излезот од Прилеп се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу комбе со охридски регистарски таблички и автомобил од засега непознати причини.

Возачот во автомобилот е тешко повреден, а веднаш излегоа екипите на полицијата, брзата помош како и против пожарната единица.

Патниот правец кај Прилеп кратко беше во прекин, а полицијата врши увид на местото на несреќата.