Тешка сообраќајна несреќа на Плетвар, загинаа две лица

0
608

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот Прилеп-Градско  на Плетвар. Според првичните информации има и загинати. Загинале маж и дете, а една жена е во животна опасност.

Во судирот учествувале камион, автомобил и комбе.

Поради увид кој го вршат истражните органи сообраќајот во двете насоки е во прекин.