Тешки возила и трактори по пешачко-велосипедските патеки во Преспа

0
1303

Неодамна беа пуштени во употреба две пешачко-велосипедски патеки крај брегот на Преспанското езеро. Едната во должина од 4,5 километри од Претор преку Сливница до Крани, а другата долга 1,5 километар во Стење.

Но, како што вели градоначалникот на Ресен, кон овие патеки има непримерно однесување од страна на жители кои со тешки товарни возила и трактори минуваат низ нив, со што може да се предизвика и оштетување на патеките и да бидет пречка за движење на оние за кои се наменети.