Тешко повреден музичарот Зоран Маџиров

0
614

Музичарот Зоран Маџиров од Струмица е повреденото лице во сообраќајката која попладнево се случи на на патот Штип-Радовиш.

Маџиров управувал со својот автомбил марка „мерцедес“ и удрил во камион, по што се здобил со тешки телесни повреди. Веднаш бил пренесен во болницата во Струмица, а од таму, поради сериозноста на повредите пренесен е во Клиничкиот центар во Скопје и се наоѓа во шок соба.

Според првичните информации на Клинички центар, пациентот нема повреди на главата.