Тешко повреден во судир на мерцедес и пежо кај Буковски мост

0
759

На 25.01.2016 година во 09.20 часот во Битола на крстосницата од ул. „Буковски мост“ и ул. „Македонска Фаланга“ со влез за паркинг на „Здружение на возачи – Транскоп“ , се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Мерцедес“ со битолски регистерски ознаки, управувано од З.Д. (50) од Битола и ПМВ „Пежо 206“ со битолски регистерски ознаки, управувано од Д.У. (31) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на два вратни пршлени , контузија на челото со мал потрес на мозок и набиеница на десно рамо) се здобил Д.У. на кој му била укажана лекарска помош во КБ-Битола и е задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС за БПС-Битола.