Тешко повредено момче во сообраќајка во Битола

0
1835

На 29.08.2016 година околу 18.30 часот во Битола, на ул.„Ѓорѓи Наумов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „Јамаха раптор“  со американски регистарски ознаки,  управуван од Ј.Н. (22) од Битола и паркиран трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки со приколка, сопственост на З.А. од Битола. Во незгодата Ј.Н. се здобил со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите, кои биле опасни по живот, е задржан на одделението за интензивна нега. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ОКТУПА при СВР Битола.