Tест избори во Германија : Меркел и Шулц во директен судир во провинцијата Сар

0
335

Германците во малата западна провинција Сар одат до гласачките кутии. Ова гласање може да покаже дали канцеларката Ангела Меркел има шанси да освои четврти мандат на националните избори, соопштува во неделата Ројтерс.

Гласањето е прво од вкупно трите регионални гласања пред да се одржат националното закажано за 24 септември. Ова е прв изборна тест и за новиот лидер на социјалдемократите Мартин Шулц, кој ветува дека ќе се справи со нееднаквоста, од што се незадоволни многу гласачи, уморни од управувањето на Меркел.

Во моментов со Саар  управува големата коалиција меѓу ЦДУ на Меркел и социјалдемократите. Но анкетите покажуваат дека по денешниот гласање е можна лева коалиција меѓу СПД, и радикалната левица во лицето на партија “Левите” и Зелената партија.

Ако “зелените” не успеаа да освојат доволно гласови не е исклучено да се дојде до коалиција меѓу социјалдемократите и левите. Трипартитна левичарска коалиција во Сар би била трета на регионално ниво по Берлин и Тирингија и може да даде импулс за сличен сојуз на национално ниво, посочуваат агенциите.

Според анкети 44 проценти од избирачите во Саар би сакале следната влада да се раководи од социјалдемократите и само 33 проценти се за Меркел.