Тетоважите моден додаток кој се покажува во лето

0
1410

Змии, лавови, леопарди, мајмуни, тигри, змејови, срциња, ангели, ружи, мали и големи, исцртани само со мастило или пак во боја.

slivnica 25.07.Still039За некои имаат значење, некои ставаат бидејќи е во тренд. Тетоважите сега се почести од било кога во минатото. А каде ќе ги покажете, ако не на плажа. На некои им се допаѓаат на некои не.

slivnica 25.07.Still032 Но сите треба да знаат дека тетовирањето не е мала работа, барем така велат познавачите.Мора да ги знаете ризиците и основните мерки за претпазливост, како и чекорите после тетовирањето.

slivnica 25.07.Still037

Би можеле да станете горд сопственик на парче уметност на вашето тело за само неколку часа ако решите, но не дозволувајте ставањето на тетоважа да биде само една лекомислена и брза одлука. Тетоважата е сепак трајна, и мора да бидете свесни за фактот дека ќе ја носите цел свој живот,сметаат познавачите.

slivnica 25.07.Still038

Но тетовирањето не од сега. Тетовирањето е Евроазиска практика уште од неолитскиот период. Во западниот свет своите почетоци ги има во Полинезија, а во откривањето на тетоважа tatau од истражувачите во 18век. Оваа постапка на мештаните од Океанија најпрво стаанала популарна кај Европските морепловци, па потоа и кај Западните општества.

slivnica 25.07.Still036
Тетоважата има Декоративни и религиски цели.Тетоважите служеле како ритуал на духовен премин ,обележје на ранг или статус, религиозни симболи и верски посветувања, показатели за храброст, сексуална привлечност, и ознаки за плодност, љубовни заклетви,казни, aмајлии и талисмани,заштита и означување за изгнаник, робови и осуденици.

slivnica 25.07.Still033

Симболизмот и нападот на тетоважите варира во различни култури и места. Тетоважите може да покажат што одредена личност чувствува.

slivnica 25.07.Still035Денес луѓето се тетовираат од козметички причини ,емоционални спомени, религиски, и магични причини, одбележување на своето потекло или поистоветување со одредена група, вклучувајки ги тука криминалните групи но, исто така и одредена етничка група или покорни подкултури.

slivnica 25.07.Still034
Како и да е ваш е изборот дали ќе ставите тетоважа или не.