Тетово, Скопје, Битола и Кавадарци најзагадени

0
396

Воздухот во текот на ноќта и утрово е загаден во Тетово, Скопје, Битола и Кавадарци. Концентрациите на ПМ 10 честички измерени во текот на ноќта на мерните станици во овие градови се движат од 264 до 996 микрограми на кубен метар.

Најзагадено е во Тетово каде што повеќе часови концентрациите не паднаа под 900 микрограми, а максималната измерена е 996 микрограми. Во Битола во текот на ноќта максималната концентрација достигнала 577. Во Скопје најзагадено ноќеска било во Лисиче , Центар, Карпош и Гази баба. Утрово најзагадено е во Тетово со измерени 342 микрограми, во Центар 297, во Лисиче 286, Гази баба 237, Битола 199 и Кавадарци 64 микрограми на метар кубен.

Без коментари

LEAVE A REPLY