The Government го најавија првиот албум

0
319

Со 4-тиот видео запис со наслов Разбуди ме, битолчаните The Government, го најавуваат истоимениот деби албум за издавачката куќа Take It Or Leave It records.

Снимениот материјал е од настапот на оваа група со Партибрејкерси во Битола,а изработен од Гнасни деца продукција.

Албумот Разбуди ме, содржи 8 авторски композиции со текстови кои содржат општествена тематика, инспирирани од секојдневните прашања, кои го мачат балканскиот човек, како го живееме животот како дел од имагинарниот систем наречен демократија.

Албумот содржи искрени и јасни пораки, некогаш саркастични а некогаш симболични или иронични, сурово буквални со јасна намера да допрат до што повеќе истомисленици.

5 песни се на македонски додека 3 на англиски, со напомена дека тоа е една од карактеристиките да се пренесе порака без оглед на кој јазик.

Албумот е снимен во студиото на МКЦ. Битола.

За техничката поддршка беше задолжен Димитар Зиров ,микс и мастеринг Горан Јаневски а визуелниот концепт и графички изглед е на Златко Никодиновски.