The Sun објави снимки на кои британската кралица отпоздравува со нацистички поздрав

0
374

Бакингемската палата во саботата го критикуваше британскиот таблоид The Sun, бидејќи го објави видео материјалот до 1933 година на кој се гледа како членови на британското кралско семејство, вклучително и сегашната кралица Елизабета Втора, тогаш на шестгодишна возраст, отпоздравува со нацистичкиот поздрав.

Во црно-белата снимка која трае само 17 секунди, објавена на интернет страницата на The Sun, се гледа како калицата Елизабета на шест или седум години, ја подигнува десната рака, а истото го прават и покојната Кралица мајка и вујкото на Елизабета Втора, тогаш идниот крал Едвард Седми, кој абдицираше од престолот во 1936 година за да се ожени со Американката Валис Симпсон.

За Едвард и претходно современиците и историчарите тврдеа дека бил симпатизер на нацистичкиот режим,а познато и дека се сретнал со германскиот фашистички фирер Адолф Хитлер две години пред почетокот на Втората светска војна.

„Разочарувачки е што оваа снимка, којашто е снимена пред повеќе децении и припаѓала на личната архива на Нејзиното кралско величество, е употребена на ваков начин“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.

Според историчарите, снимката е направена во 1933 или 1934 година во дворецот Балморал во Шкотска, кусо време откако нацистите предводени до Адолф Хитлер дојдоа на власт во Германија. На снимката може да се види дека Елизабета си игра со пес и со тогаш тригодишната сестричка, принцезата Маргарет, по што и двете мавтаат со раце, а потоа кон камерата ја подигнуваат десната рака на начин на кој тоа го прават возрасните околу нив,

„Повеќето луѓе оваа снимка ќе ја сфатат во согласност и околностите во која настанала. Многумина нацистичкиот поздрав го гледаат од актуелниот аспект, но во тоа време никој не знаел како ќе се развиваат работите“, вели портпаролот на Бакингемската палата.

„Елизабета тогаш била дете, целосно несвесно за значењето на тоа движење. Кралицата и нејзината посветеност на доброто на британскиот народ во текот на војната и 63 години колку што е ангажирана на изградбата на односите меѓу нациите и народите зборува самото за себе“, истакнува истиот извор.

Извршниот уредник на The Sun, Стиг Абел, не открива на кој начин весникот, кој е дел од медиумската корпорација на американскиот магнат Руперт Магнат инаку казнувано во Британија поради објавување на снимки и пораки на славни личности до кои дошол со нелегално прислушување, дошол до снимката. „Целта на објавувањето на снимката во никој случај не беше да се доведен Нејзиното кралско височество или палатата во незгодна ситуација“, рече Абел за телевизијата Sky News./крај/мф/сн