Тие на тутун а крадците дома

0
1114

На 10.08.2016 година во 09.20 часот во ПС Прилеп, Т.Н. (48) од Прилеп пријавил дека истиот ден во периодот од 03.45 до 09.15 часот, додека со неговата сопруга и двете ќерки бил на берење тутун во с.Заполжани, непознат сторител извршил кражба во неговиот дом. Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од спалната соба одзел 1.500 евра и 440.000 денари по што побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.