Тилерсон не ја исклучува можноста за средба со Зариф

0
153
US Secretary of State Rex Tillerson speaks during the plenary session of the Arctic Council meeting in Fairbanks, Alaska, on May 11, 2017. / AFP PHOTO / NICHOLAS KAMM

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека најверојатно ќе зборува со неговиот ирански колега Мохамед Џавад Зариф, но во правото време, иако засега нема такви планови. Изјавата на Тилерсон доаѓа за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Саудиска Арабија и по реизборот на Хасан Рохани за претседател на Иран.

Според Тилерсон, посетата на Саудиска Арабија е со цел да се спречат заканите врз регионот предизвикани од Иран и упати критики до земјата за нејзината поддршка на странските борци во Јемен, Ирак и Сирија, како и за нејзините нуклеарни амбиции. На прашањето дали би се сретнал со Зариф, Тилерсон порача дека не би одбил никого која сака да оствари продуктивен разговор и дека тоа ќе се случи во право време.

https://www.slobodnaevropa.mk