Тилерсон: Се уште сме заинтересирани за дијалог со Северна Кореја

0
186

Претседателот Доналд Трамп и натаму е заинтересирана за дијалог со Северна Кореја, но дека чека знак од Пјонгјанг дека е подготвен за таков чекор.

„И натаму сме заинтересирани за пронаоѓање на решение преку дијалог, но тоа зависи и од Ким Јонг Ун – изјави Тилерсон во Стејт Департментот.

Тилерсон рече дека нема коментар за последното соопштение од Северна Кореја дека ги завршила плановите за истрелување балистички ракети во близина на американскиот остров Гуам во Пацификот.

Тензиите меѓу САД и Северна Кореја опасно се зголемија во последниот период, а американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Пјонгјанг ќе се соочи со страшна одмазда доколку продолжи со своите провокации против САД и нивните сојузници.

http://makfax.com.mk

Без коментари