Тим од мигранти ќе учествува на ЛОИ во Рио

0
539

Тим составен од мигранти ќе се натпреварува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, кои на програмата се од 5. до 21.август. Проценето е дека вкупно 43 спортисти ќе можат да бидат членови на тимот, кој на ОИ ќе се натпреварува под олимпиското знаме.

Покрај спортските способности, ќе бидат проверувани и околностите под кои спортистите станале бегалци, а ќе биде проверуван и нивниот бегалски статус во Обединетите нации. Сите кои ќе добија потврда дека ги задоволуваат критериумите ќе добијат финансиски средства за да ги продолжат подоготвките.

„Со добредојде за мигрантскиот тим на ОИ сакаме да испратиме порака на надеж до сите бегалци во светот. Овој тим ќе биде третиран како и сите други“, рекол првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.

Тимот на бегалците ќе биде сместен во Олимпиското село, заедно со останатите учесници, а на свечена церемонија на отвоорањето на ОИ на стадионот „Маракана“, ќе влезе претпоследен, пред домаќинот Бразил.