Tимот на Јанева доби кривични пријави

0
328

Тројца членови на специјалното јавно обвинителство и неколку непознати лица добиле кривични пријави за малтретирање во вршење на службата, кривично дело казниво по член 143 од Кривичниот закон.

Од Обвинителството за организиран криминал велат дека против едно лице, односно полицаец, поднесена е кривична пријава заради незаконско влијание врз сведоци.

Идентитетот на поднесителот на тужбите, од обвинителството не го открија, а се знае само дека е физичко лице.

Кривичните пријави се предадени кај обвинителите кои по истрагата треба да одлучат дали ќе ги процесуираат овие случаи.