Тимот на Зврлевски ќе истражува дали некој го натерал Крпач да се самоубие

0
311

Само ден по одржувањето на прес конференцијата на СЈО на која информираа дека го отвораат случајот Трезор, од Основното јавно обвинителство на брифинг со новинарите информираа дека тие работат на случајот со смртта на Коста Крпач.

Истрагата, како што велат, им била закочена бидејќи ги немале информациите за тоа кој му се заканувал, а Специјалното не одговарало на нивните барања да им го достави записникот со неговите искази за тоа кој му се заканувал.

Вештачењето на мобилниот телефон на Крпач во Основното јавно обвинителство поминало неуспешно, затоа што не успеале да ја пробијат лозинката за заклучување на телефонот, па оттаму не можеле независно од записникот на СЈО да одговорат на прашањата кој, како и со што му се заканувал на Крпач. Дополнително велат дека неговата сопруга не пријавила закани, ниту знаела дека некој му се заканува на Крпач.

Предистражната постапка се води во насока на откривање дали е сторено кривично дело помагање и предизвикување на самоубиство. Од основното јавно обвинителство потенцираат дека досегашната истрага, која ја водат шест месеци, докажува дека Крпач се самоубил со својот револвер. Тој прво испукал неколку куршуми кон надвор при што погодил во комбе, кое, според изјавата на сопственикот, било таму паркирано со месеци, па подоцна се самоубил, велат во обвинителството. На неговите раце биле пронајдени барутни честички. Но, повеќе детали не сакаат да соопштат, односно не одговорија колку куршуми се пронајдени во неговото тело, со што остануваат да лебдат шпекулациите дека биле пронајдени два куршума во неговото тело.