Тимска работа до награда за Nasa space apps challenge

0
192

Интернационалниот NASA Space Apps Challenge натпревар за прв пат се одржа и во Битола .

Младите иноватори имаа временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од НАСА, а воедно имаа можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултети.Најдобрите беа наградени а меѓу нив и битолскиот тим кои сосема спонтано се сретнале а со заедничка работа го освоиа првото место.

Nasa_-_1.jpg

Битолската апликација на младите иноватори е прва од ваков вид а за да се доразвие тој проект младите иноватори апелираат на помош од компании или поединци .

Значењето на оваа апликација за Македонија според иноваторите е големо,особено за земјоделците.

Настанот се реализираше на 135 локации во светот, а оваа година и Битола беше помеѓу градовите организатори од Македонија.

Nasa_-_2.jpg

Интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge е дводневен хакатон на кој тимови низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации со цел да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.