Тинејџер убил четворица во САД

0
153

Тинејџер е уапсен за четирикратно убиство во Охајо, САД, во саботата, а се сомничи и за киднапирање, соопшти амеиканската полиција

Според полицијата, во неделата било уапсено 16-годишно момче по наоѓањето на четири тела.

Полицијата се уште не го открила мотивот за убиствата.

Властите одговориле на пријавата во саботата за девојка која крварела, по што полициските службеници нашле повредена тинејџерка надвор од нејзиниоот дом, а потоа ги откриле и четирите мртви тела.

Девојката е пренесена во болница каде и била укажана помош.

Жртвите се идентификувани и се на  возраст од 18 до 41 година, двајца се мажи а две се жени.