Тобијас Швајнштајгнер главна ѕвезда на свадбата на Ана и Бастијан

0
1083

Српската тенисерка Ана Ивановиќ минатата недела во Венеција се омажи за нејизниот вереник, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгнер, по две години љубовна врска, но посебно внимание на медиумите на нивната свадба привлече еден поранешен фудбалер, кој беше меѓу сватовите.

Станува збор за братот на младоженецот, 34­годишниот Тобијас Швајнштајгнер. Тобијас, кој е три години постар од Бастијан, пред неколку години прекина активно да се занимава со фудбалот, но се уште е во тој свет, а моментно работи како помошник спортски директор на јуниорскиот клуб на Баерн Минхен.

Тобијас со „фудбалското пензионирање“ се повлече од јавниот живот, но свадбата на братот не можеше да ја пропушти. Според неговиот профил на Инстаграм, следен од 18 илјади обожаватели, Тобијас ужива во спортскиот начин на живот, но и семејниот, а со девојката Сара во врска се 14 години. Двојката неодамна го добија синот Макс Лијам