Тодоров: СДСМ блефира дека сака да оди на избори

0
376

СДСМ цело време говори дека сака да оди на избори и дека за да се оди на избори треба да се исполнат само еден или два услови, и притоа поставуваше услови кои се многу нелогични и кои што вака не би требало можеби да се прифатат или за кои претпоставуваше дека нема да бидат прифатени, вели заменик-претседателот на Владата и министер за здравство Никола Тодоров во интервју за Република.„Лично сметам дека СДСМ блефира дека сака да оде на избори, за овој блеф на СДСМ да излезе на виделина ние ги прифативме овие две барања, колку и тие барања да изгледаа нелогични, особено делот за избирачкиот список. Тоа е многу нелогично барање посебно за овие 39.502 лица кои што треба да се објават и кои треба да направат активна регистрација кои треба да потврдат дека се тука и дека се граѓани на сопствената држава. За да биде целата работа смешна и за да се докаже нелогичноста на овој список од гледаме многу видни членови на СДСМ, ја гледаме сестрата на Радмила Шеќеринска го гледаме Павле Трајанов поранешен министер за внатрешни работи го гледаме Гордан Георгиев поранешен потпретседател на СДСМ, ја гледаме професорката Најчевска, ги гледаме некои членови на семејството на професорката Ванковска”, вели Тодоров.

Според него, ова е доказ дека цело време проблем немало со избирачкиот список и дека имало алиби како СДСМ да не ги признае изборите во 2014 и да отпочне криза во Македонија.