“Тој изгледа како крадец, дали да го следиме?”

0
246
“Оди наоколу со палто на ова време?”, му напишал полицаецот во цивилка на колегата за мажот кој му бил сомнителен на истанбулскиот аеродром, за кого подоцна се воспоставило дека е бомбаш самоубиец.

Објавена била комуникација на полицајци во цивилка на кои напаѓачите на истанбулскиот аеродром им биле сомнителни, и тргнале по нив.

komunikacija-policija-istanbul-aerodrom-01

Полицаецот кој прв ги забележал терористите му пратил порака на својот колега, кога забележал дека еден од нив носи зимска јакна и покрај горештините, пишува Hurriyet.

“Оди наоколу со капут по ова време? Брат, тој изгледа како крадец, дали да го следиме”, напишал полицаецот. Колегите се согласиле дека треба да му побараат идентификација.

komunikacija-policija-istanbul-aerodrom-03
Кога полицаецот му побарал лична карта, мажот се претворал дека ја бара, а потоа кренал оружје и почнал да пука. Прва мета му бил полицаецот кој му побарал идентификација. Полицаецот сега се бори за живот, а дома го чека бремена сопруга.

Откако го застрелал полицаецот, терористот почнал да трча по скалите кон одделот за пристигнување, и ја активирал бомбата во точно 21:15 часот.

Потсетуваме, 43 лица биле убиени, а повеќе од 200 ранети во самоубиствениот бомбашки напад на главниот истанбулски меѓународен аеродром “Ататурк”, најголем во регионот и важен меѓународен сообраќаен центар.

Тројцата бомбаши самоубијци најпрво отвориле наизменичен оган, а потоа се разнеле со експлозив.