Токиски хотел нуди ноќ со Годзила

0
135

Годзила е едно од најпознатите чудовишта во историјата на светската кинематографија а неговите обожаватели во Токио, градот кој во филмот го разорува во еден здив, сега ќе може да минат една ноќ со чудовиштето.

Хотел кој во април е отворен во јапонскиот округ Шињуку го нуди апартманот наречен „Годзила“ во кој има скулптура на ѕверот кој ги пречекува гостите.

Апартманот, како што се наведува во понудата, поседува сé што еден поклоник на филмот би посакал, од фотографии до реквизити и реплики на оружјата со кои е убиен првиот Годзила. Неговата огромна глава може да се види и од другите соби на апартманот.

Студиото „Тоho films“, кое го сними првиот филм за Годзила далечната 1954 година, го најавува снимањето на новиот филм за 2016 година.