Толкав број пратенички групи остава сомнеж дали ВМРО-ДПМНЕ е единствена

0
448

Формално Деловникот со член 33 го дозволува тоа и може да се формира пратеничка група од 5 пратеници.Но, од правен аспект е дискутабилен фактот, што една политичка партија не може да има повеќе пратенички групи поради тоа се создава дилема кај нивниот електорат дали тоа е единствена политичка партија или имаат внатрешни проблеми, па затоа не сакам да им го коментирам овој потег“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафеи во изјава за медиумите.

Тој додаде дека е рано да зборува дали намерата на ВМРО-ДПМНЕ е со цел блокада на Собранието, но рече дека секоја политичка партија за своите потези носи одговорност за пред својот електорат.

„Не можам да ја коментирам нивната одлука за формирање на 10 пратенички групи и не сакам да прејудицирам која е нивната намера.Со нивното делување во Собранието ќе се покаже која им е намерата. Ако се однесуваат како што се однесуваа вчера, тоа значи дека ќе ја искористат можноста низ принципот барање по еден час пауза која координаторот има право да ја побара. Тоа значи дека во 24 часа ќе бараат 10 часа пауза.Тие ќе понесат политичка одговорност за нивното делување“, рече Џафери.

Тој кажа дека на барање на пратеничките групи ја одложил седницата в понеделник, но не кажа на чие барање.

www.makfax.mk

Без коментари