„Томас Кук“ ќе ги донесе првите белгиски туристи во Охрид

0
542

Уште еден тур-оператор од понеделник ќе почне да лета на македонско тло.

Бегискиот тур-оператор  „Томас Кук“ ќе ги донесе првите белгиски туристи, а ќе нуди летови на релација Белгија – Охрид.

Туристите на охридскиот аеродром ќе пристигнат во понеделник наутро со туроператорот „Томас Кук“.

Оваа компанија на пазарот на туристички услуги постои од далечната 1841 година. Опслужува над 22 милиони клиенти а нејзините приходи од туристички аранжмани надминува 9 милијарди фунти.

Според првичните најави кога беше претставувана авиокомпанијата пред јавноста започнувајќи од јули 2016 година, за почеток ќе има по минимум еден чартер лет, а неговото потпишување ќе влијае врз подобрување на  странскиот организиран туристички промет во државата, ќе се раздвижи на прво место локалната економија, но и економијата на државно ниво.