Tомче Петрески ќе го води својот матичен клуб

0
211

петрески и мишевскиБившиот репрезентативец на Македонија, Томче Петрески од сезоната 2015/16 ќе го води својот прв клуб во кариерата, Прилеп. Имено деновиве е постигнат договор помеѓу него и првите луѓе на Прилеп и тој ќе биде наследник на Боро Чурлевски, кој ја водеше екипата до својата прерана смрт. Претходната сезона на клупата на прилепчани ја заврши Ице Соколески, кој ќе соработува со Петрески и во новата сезона. Петрески пред нешто повеќе од еден месец ја освои двојната круна со косовската екипа Беса Фамилија, а кратко го водеше и Пелистер. Во играчката кариера започна во Прилеп, настапуваше за Пелистер, Пролетер, пред да замине за Франција и блесне цела една деценија. Со ангажирањето на Петрески, Прилеп јасно покажува амбиции за место во плеј-офот во новата сезона. Од играчкиот кадар кој ја заврши претходната сезона, Златко Мојсоски си замина од Прилеп и му пристапи на Работнички.