Топлата прегратка им дава живот на годините

0
701

Стареењето не засега сите, без разлика на возраста, полот, богатсвото, местото во кое живееме….Во изминатиот 20 век, човештвото се трудеше да додава што е можно повеќе години на животот, односно да го продолжува животниот век. Резултат на тој напор е што за прв пат во историјата на светот во овој 21 век ќе има повеќе стари лица, отколку деца. да се биде во третото доба во новиот век ќе биде предизвик за сите нас, за да се опбмисли стареењето, да им се даде што повеќе содржина и смисол на годините. Еве тоа беше и поттикот за денешната посета на неколку битолски организации на Домот за стари лица Сју Рајдер. Условите во кои живеат лицата од третото доба со задовлство можеме да кажеме дека се одлични. Но, она што им недостига е насмевка од блиските, топла прегратка или дружење со помлади генерации.

Лајонс клубот Битола инспириран од 22 март и светската грижа за старите лица, денес им приреди пријатно дружење со најмладите членови на КУД Илинден од Битола кои со песна и игра ги расположија. Реконструираниот дом сега има одлични услови за достоен живот на лицата од трето доба, она што пак ќе ги разубавува белите ѕидови во нивните простории се ведрите дела на творците од Малиот битолски Монмартр кој секогаш посветено работи на мисијата нивните дела да ги топлат погледите и срцата на оние кои сакаат ведри нешта.

Зошто секој од нас не најде време неколку пати годишно да осмисли начин како животот на овие лица да го направи интересен. Ако осаменоста, песимизмот и депресијата во третото доба ги замениме со дружење, оптимизам и споделување на љубов, сме го нашле патот за нивната долговечност, не се товар на семејството туку фактор на својот живот.

Третото доба е период кога треба да направиме се што не можевме додека работевме. Во пензионерските денови, овие лица добивале нова улога во семејствата кое ги вреднувале според висината на пензијата, или со извршувањето некоја бебиситерска задача кон внуците, денес немаат таква кондиција, па затоа се можеби тука. Да им дозволиме да живеат за себе и да го исполнат секој ден со оптимизам и со љубов. А ние, многу малку моежеме да направиме за тие да бидат среќни.